Избор Култура Струга ТОП ВЕСТИ

COVID-19 го одложи музичкиот дел од традиционалниот Вевчански карневал

Вевчани, 27. декември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Поради ковид пандемијата, оваа година нема да се одржи музичкиот дел од традиционалниот Вевчански карневал, една од најпознатите карневалски манифестации на Балканот, стара колку и самото Вевчани.

Вевчанци жалат бидејќи, како што велат, живеат за спектакуларната ноќ на карневалскиот настан со кој се слави доаѓањето на Новата година според стариот календар, 13-ти и 14-ти јануари, јави порталот сдк.мк.

– Општина Вевчани нема право да се меша во тоа дали ќе има поворки на василичарските друштва, меѓутоа ќе апелираме да нема групно собирање, да нема посети на домовите, да се запазат мерките што ги налага Комисијата за заразни болести. Сигурен сум дека ќе се применат тие мерки за да може да го славиме Свети Василиј онака како што сме го славеле со векови, вели Сашо Јанкоски, градоначалник на Општина Вевчани.

Комплетната информација ОВДЕ. (Крај)

извор: Сузана Вренцовска/СДК.МК фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука