Избор Култура Струга ТОП ВЕСТИ

Јанкоски: Се откажуваат само концертите, организацијата на поворките со Василичари е на Василичарските друштва

Вевчани, 27. декември 2020 (ОХРИДПРЕС) – По информациите и реакциите во јавноста дека оваа година поради корона пандемијата нема да се одржи познатиот традиционален карневал во Вевчани, со детална информација се јави и првиот чивек на општина Вевчани Сашо Јанкоски.

– За да нема шпекулации дали оваа година Свети Василија некој ја „откажал“ или не Ви го соопштуваме следното: Општина Вевчани се откажува од организирање на концертите на 12-ти и 13-ти јануари за да се спречи масовно собирање поради пандемијатата на COVID-19, но ниту некогаш се мешала, ниту има право да се меша, а најмалку да ја одлага Свети Василија. Организацијата на поворките со Василичари е на Василичарските друштва Горно и Долно мало и тоа е нивно право, но и обврска. Го повторувам она што го кажав и за медиумите: Општина Вевчани нема право да се меша во тоа дали ќе има поворки на василичарските друштва, меѓутоа ќе апелираме да нема групно собирање, да нема посети на домовите, да се запазат мерките што ги налага Комисијата за заразни болести. Сигурен сум дека ќе се применат тие мерки за да може да го славиме Свети Василиј онака како што сме го славеле со векови, порачува Градоначалникот на општина Вевчани Сашо Јанкоски. (Крај)

извор: Општина Вевчани фото: Општина Вевчани

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука