Избор ТОП ВЕСТИ Хроника

Охриѓанец пријавил дека е измамен во клуб-обложувалница

Охрид, 28. декември 2020 (ОХРИДПРЕС) – На 26-ти декември 2020 година, околу 21:00 часот, 53-годишниот С.Д. од Охрид, во СВР Охрид пријавил дека е оштетен и измамен од надлежните во автомат клуб-обложувалница во Охрид.

– Тој, според наведеното, добил бонус добивка што требало веднаш да му бидат исплатени но, од вработената му било кажано дека, по барање на претпоставените, исплатата била забранета, а апаратот ќе се исклучел. СВР Охрид, работи на расветлување на настанот, информираат од Секторот. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука