Избор Локална самоуправа ТОП ВЕСТИ

Предлог општинскиот буџет и програмите за работа за 2021 година денеска пред советниците

Охрид, 29. декември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Денеска ќе се одржи 53-та седница на Советот на општина Охрид.

Пред советниците ќе се најде предлог буџетот и програмите за работа на општината, советот и јавните претпријатија за 2021 година.

Меѓу 54-те точки се и предлог-одлуката за давање согласност на одлуката за утврдување на тарифа за снабдување со вода за пиење или водоснабдување на ЈП „Водовод“ Охрид за регулиран период 2021-2023 година, неколку предлог одлуки за усвојување на програмата за работење на јавните претпријатија како и одлука за за верификација на мандат на член во советот на општина Охрид.

Советниците ќе треба да се произнесат и по предлог-одлуките за ослободување од плаќање надоместок на превозниците кои вршат општински линиски превоз на патници на подрачјето на општина Охрид и преземање на водоводот од МЗ Куратица и отстапување на ЈП„Водовод“ Охрид.

Седницата ќе се одржи преку конференциска врска од 11:00 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука