Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Општина Охрид: Саниран е дефектот поради кој беше прекинат доводот на вода во Лескоец

Охрид, 29. декември 2020 (ОХРИДПРЕС) – По реакциите во јавноста, конечно е саниран дефектот поради кој беше прекинат доводот на вода во Лескоец.

– Ги известуваме жителите на селото Лескоец, дека дефектот поради кој е прекинат доводот на вода до нивните домови е саниран. Проблемот заради кој жителите на Лескоец сѐ уште немаат вода во своите домови се јавува поради целосното празнење на резервоарот. За полнење на резервоарот е потребно време, особено во време на суша па од тука и проблемот, информираат од охридската локална самоуправа.

Од Oпштината ги уверуваат жителите дека се работи на решавање на овој проблем, а во меѓувреме на околу 50 домаќинства во Лескоец ќе им биде доставена техничка вода со цистерни како и вода за пиење. (Крај)

извор: Општина Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука