Охридските нуркачи со честитка за најсреќна Нова година до децата со ретки болести
Охрид, 29. декември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Нуркачите од Нуркачкиот центар „Амфора“ и Клубот за подводни дејности „Охрид“ и оваа година ја продолжија традицијата и упатија честитка за најсреќна Нова година за децата со ретки болести.
– Во услови на пандемија, оваа година одлучивме да не се зголемува бројот на нуркачи на едно место, формиравме групи од 3-4 членови и нуркавме на 3 различни локации на Охридското Езеро и тоа Заливот на Коските, Трпејца и Св. Наум кај изворите. Им ја честитаме Нова Година 2021 на сите граѓани на Република Македонија, а како и секоја година па така и оваа, овој ден го посветуваме на децата со ретки болести со желба за подобро здравје и лесно надминување на потешкотиите, информираат од Нуркачкиот центар „Амфора“.
Минатата година нуркачите ја поставија и украсија подводната новогодишна елка на дното на Охридското Езеро и на еден редок и уникатен начин своите новогодишни честитки ги упатија до децата со ретки болести. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: НЦ „Амфора“
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |