Избор Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Лице од Албанија, барано од Интерпол приведено на „Ќафасан“

Струга, 29. декември 2020 (ОХРИДПРЕС) – На 28-ми декември 2020 година, во 11:00 часот на Граничниот премин „Ќафасан“ од полициски службеници приведен е 32-годишниот Х.Б. од Република Албанија.

– По извршените проверки констатирано е дека лицето е евидентирано во стоп-листата со мерка „Апси“ по барање на Интерпол од Република Грција. Лицето е предадено во Полициска станица Струга за понатамошна постапка, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука