Забава Избор ТОП ВЕСТИ

Слушнете ја „Криза“, новата песна на охридската екипа од New Tone

Охрид, 29. декември 2020 (ОХРИДПРЕС) – „Криза“ е новата песна на екипата која стои зад младата продукција New Tone од Охрид.

– Започнавме со работа во декември и „Криза“ е вториот проект кој е потпишан од New Tone. Песната е дело на Јордан Трајаноски Парго и Стефан Стојкоски (King Gold) од Охрид и стружанецот Зоран Грбиќ (zokizoc). Музиката, миксот и мастерингот се на Јордан Трајаноски, кој заедно со Зоран Грбиќ го направи и аранжманот. Текстот е на Јордан Трајаноски и Стефан Стојкоски, видеото на Јован Ристески, а видео монтажата на Стефан Стојкоски. Моделот кој се појавува во спотот е Моника Ангелоска, велат од New Tone.

Додаваат дека оваа песна е само најава за многуте кој ќе следат од оваа екипа. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: New Tone

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука