Избор ОБРАЗОВАНИЕ ТОП ВЕСТИ

Од утре почнува зимскиот распуст за основците и средношколците

Скопје, 30. декември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Основците и средношколците од утре се на зимски распуст кој ќе трае до 20-ти јануари.

Учебната 2020/2021 година поради пандемијата од COVID-19 започна еден месец подоцна, односно на 1-ви октомври, а бројот на наставни денови е намален од 180 на 159.

Додека учениците ќе бидат на распуст, наставниот кадар и сите засегнати ќе имаат можност до 20 јануари да праќаат коментари, предлози и сугестии за Нацрт-концепцијата за основното образование.

Документот на 48 страници е поставен на веб-страницата на Министерството за образование и наука кое концепцијата ја презентираше во средата. Нацрт-верзијата е објавена на пет јазици: македонски, албански, турски, босански и српски.

За унапредување на содржината на документот,, сугестиите и предлозите до 20-ти идниот месец треба да се праќаат на електронската адреса: koncepcija@mon.gov.mk. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука