Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

РК Бутел Скопје прв противник на ГРК Охрид во плејофот

Скопје, 30. декември 2020 (ОХРИДПРЕС) – РК Бутел Скопје ќе биде прв противник на ГРК Охрид во плејофот.

Денеска во просториите на Ракометната федерација на Македонија се одржа ждрепката за распоредот на мечевите во плејофот и плејаутот во Супер лигата и Прва лига(мажи).

Во плејофот се натпреваруваат осум екипи, ќе се играат по седум кола дома и во гости, или вкупно 14 кола. Победникот во плејофот е победник и шампион на првенството.

Нема достапен опис

Во второто коло противник на „гладијаторите“ ќе биде Вардар, „езерското“ дерби е во шестото коло, а првиот дел од натпреварите ќе го заокружат дома против Еурофарм Пелистер.

ГРК Охрид со перфектна завршница на есенската полусезона во Супер лигата обезбеди место во плејофот. „Гладијаторите“ постигнаа 12 победи на исто толку одиграни натпревари. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука