Избор Охрид Партии ТОП ВЕСТИ

Левица: Новоформираното ЈП „Колекторски систем“ дополнително ќе го оптерети буџетот

Охрид, 31. декември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Охриѓани во минатото со години плаќаа придонеси за изградба на Колекторскиот систем, кој денес, за жал, поради расипничкото работење на сите досегашни власти, се наоѓа пред колапс, реагираат од локалниот огранок на партијата Левица од Охрид.

– И, како сето тоа да беше малку, денес на граѓаните им се наметнуваат нови дополнителни трошоци со новоформираното ЈП „Колекторски систем“, кое ќе ја презема обврската за наплата на надомест за одведување и прочистување на отпадни води.

Левица ЛО Охрид прашува:

-Колку партиски послушници ќе бидат вработени во ова ЈП?
-Колку дополнителни трошоци ќе им бидат наметнати на граѓаните со преку сметките на новото ЈП?
-Колку дополнителни трошоци по основ на плати и придонеси ќе се одлеваат од Буџетот на Република Македонија за нововработените?
-Дали формирањето на новото ЈП е во функција на намалување на гломазната администрација?
-До кога ќе се користат државните претпријатија за вработување на партиски послушници, како државата да е нивна лична сопственост? – стои во дописот до медиумите. (Крај)

извор: Левица фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука