Избор Култура Охрид ТОП ВЕСТИ

Ученикот Николче Ангеловски од ОУТУ „Ванчо Питошески“ освои втора награда на „47 Караманови поетски средби 2020“

Охрид, 31. декември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Ученикот Николче Ангеловски од ОУТУ „Ванчо Питошески“, под менторство на професорот по македонски јазик и литература, Перчо Божиновски освои II (втора) награда на „47 Караманови поетски средби 2020“ кои се одржаа во Радовиш за избор на најдобри поетски остварувања во категоријата I и II година средно образование, средни училишта од Република Македонија.

Image may contain: text that says 'центарот 2 на култура 47-7 -те „ацо 47 Bo оуту „ванчо николче Ce доделува награда караманови 2020 04.12 категорјіи1 за „караманови караманов" поезија поетски година награда поетски радовиш охрид питошески" ангеловски (втора) на средби средби и 2020" организ ациониот одбор oy култура Pagobuw Οπν.. чен аkеониr караманов" изаб директор'

No photo description available.

– Младост, живот, љубов, радост беше темата на која твореа учениците. „Ние и кога умираме, треба да пееме“ гласи последниот стих на денот кога загинува 17-годишниот Караманов кој поттикнува да се негува песната.
Задоволство е да се негува детската визија за поубав свет и вербата во подобро утре, потенцираат од ОУТУ „Ванчо Питошески“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука