Забава Избор ТОП ВЕСТИ

Охриѓанецот Александар Јосифовски го промовира новиот ковер на „Dirty Deeds“ на AC/DC (Видео)

Охрид, 6. јануари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Песната е за средношколските денови, девојките и дружбата. За да не се чувствуваат осамени, секогаш сум тука за нив, вели младиот охридски музичар Александар Јосифовски најавувајќи ја неговата нова песна, која е преработка на на „Dirty Deeds“ на AC/DC.

Песната е снимена во домашна атмосфера во неговото студио.

– Ова е песна од легендарните AC/DC, групата која ја слушам од мали нозе. Мило ми е што ќе ги почестам слушателите и љубителите на овој вид музика. А знам дека ги има доста. Ова е врвот на мојата желба кон оваа музика и стилот на изведување. Како што кажува песната во кратки црти, средношколски денови, девојки и дружба, не би се чувствувале осамени, секогаш сум тука за нив, вели Александар.

Александар Јосифовски од Охрид е момчето кое постигна забележителен успех во рамките на последното издание не мега популарното музучко шоу во Србија „Ѕвезде Гранда“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука