Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид Струга ТОП ВЕСТИ

Извршени 83 контроли, затворени угостителски објекти во Охрид, Дебар и Кичево

Охрид, 10. јануари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Полициските службеници во соработка со Државниот пазарен инспекторат извршиле 83 контроли во угостителски и други објекти, од кои по 13 во Охрид и Струга, 37 во Кичево и 20 во Дебар.

На 9-ти јануари 2021 година, во 21:00 часот, при контрола на угостителски објект во населба „Св. Стефан“ во Охрид, извршена од полициски службеници од СВР Охрид во координација со Државниот пазарен инспекторат, констатирано е дека објектот работел после 18:00 часот и биле затекнати пет лица. Околу 22:00 часот, пред угостителскиот објект бил приведен 38-годишниот Д.Д. од Охрид бидејќи го нарушил јавниот ред и мир. Од Државниот пазарен инспекторат се преземени мерки за затворање на угостителскиот објект, а против пријавеното лице ќе биде поднесена соодветна пријава.

Со цел доследно споредување на мерките за заштита и превенција од ширење на Корона вирусот и почитување на безбедносните протоколи во угостителски објекти, на 9-ти јануари 2021 година на подрачјето на Струга, извршени се контроли во угостителски објекти. Притоа, во пет објекти забележано е дека не се почитуваат одредбите за задолжително растојание помеѓу масите во угостителските објекти и прусуство над 4 лица на одредени маси. Во еден угостителски објект, лицата А.В.(21) А.В.(25) и Г.В.(25) од струшкото село Велешта како и 28-годишниот Т.С. од селото Долно Татеши, го нарушиле јавниот ред и мир. Тие се повикани во Полициска станица и по целосно документирање на настанот, против нив како и против одговорните во угостителските објекти, ОВР Струга ќе поднесе соодветни пријави.

На 9-ти јануари 2021 година во 19:20 часот, полициски службеници од Полициска станица Дебар во координација со Државниот пазарен инспекторат, извршија контрола во угостителски објект во Дебар. Притоа, угостителски објект во сопственост на лицето Д.С. од Дебар, затекнат е отворен и во него имало осум лица од кои двајца малолетници, при што лицата се лишени од слобода, а малолетниците во присуство на родител се повикани во Одделение за внатрешни работи Дебар за понатамошно постапување. По документирање на случајот ќе следат соодветни поднесоци.

На 9-ти јануари 2021 година, полициски службеници и инспектори од Државниот пазарен инспекторат, извршија контроли во угостителски објекти во Кичево. Притоа, констатирано е дека еден угостителски објект во Кичево, не ги почитувал протоколите за работа на угостителски објекти поради што, од страна на Државниот пазарен инспекторат истиот е затворен. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука