Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

Тројца охриѓани ќе ги бранат боите на Македонија на СП во таеквондо

Охрид, 11. јануари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Кина ќе биде домаќин на Светското првенство во таеквондо во неолимписката верзија (ИТФ), а Македонија ќе настапи со тројца натпреварувачи.

Теквондистите кои ќе ги бранат боите на Македонија се всушност охриѓани и членуваат во таеквондо клубот „Хва ранг ИТФ“.

– Имаме тројца подготвени натпреварувачи, со искуство од врвни првенства, Давид Крстесеки европски медалист, Давид Велковски и Божидар Димитириевиќ стигнаа до полуфинале на Светското првенство во Пловдив“, вели селекторот Марјанчо Лазаревски.

Ако се биде во ред со пандемијата на COVID-19, СП ќе се одржи во последните 10 дена од август, од 22-ри до 31-ви август.

Шампионатот требаше да се одржи во 2020 година, но беше одложен поради пандемијата на COVID-19. (Крај)

извор: Ипон.мк/ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука