Спорт

Штрајкот во Примера поддржан и од фудбалерите

Мадрид, 8. мај 2015 (ОХРИДПРЕС) – Одлуката што вчера ја донесе шпанскиот фудбалски сојуз да ги суспендира последните две кола во Примера и во пониските лиги, како и финалето во националниот Куп, беше поддржана и од здружението на фудбалери со што  дополнително се закомпликува ситуацијата при крајот на сезоната.

Од сојузот се незадоволни од начинот на кој се распределуваат парите во шпанскиот фудбал, особено парите од ТВ правата.

Проблемот со ТВ правата во Шпанија настана со договорот според кој Реал и Барселона добиваат многу повеќе пари од останатите тимови, за разлика од Премиер лигата каде што овие пари се делат врз основ на гледаноста и успехот на клубовите во сезоната.

Според новиот предлог на законот големите клубови повеќе не би можеле сами да склучуваат доовори со телевизиите туку тоа би го правеле лигата.  (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

 

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави