Избор Охрид

Втор работен ден на 72-та традиционална Средба на правниците

Охрид, 8. мај 2015 (ОХРИДПРЕС) – Денес е вториот работен ден на 72-та традиционална Средба на правниците, која се одржува во Охрид.

Во фокусот на интерес денес на Средбата ќе бидат четири различни теми.

Славче Трпески, директор на Агенцијата за катастар на недвижности ќе се осврне на искуствата, дилемите и отворените прашања во врска со двогодишната примена на Законот за катастар на недвижности и др. комплементарни закони; Димитар Димовски, раководител во Министерството за транспорт и врски ќе говори за спецификите на „новиот“ Закон за просторно и урбанистичко планирање во корелација со др. закони кои се значајни за остварување на правото а градење; м-р Хари Ајцев, претставник од Македонски телеком АД ќе ги презентира искуствата во врска со Законот за финансиска дисциплина и д-р Златко Алексов, член на Советот за јавни набавки, пак, ќе говори за спецификите во примената на Законот за јавни набавки со посебен фокус на искуствата на Советот за јавни набавки и добивањето согласност од него.

Средбата ќе заврши утре. Се одржува во Метропол Езерски комплекс, Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави