Економија Избор

Следната недела завршува еко кампањата „Старо донеси, ново однеси“ – во Техномаркетите во Охрид и Струга

Охрид/Струга, 8. мај 2015 (ОХРИДПРЕС) – До 15-ти мај трае еко кампањата „Старо донеси, ново однеси“ во Техномаркетите во Охрид и Струга.

За секој предаден стар и нефункционален електронски и електричен апарат од домаќинството, во салоните на Техномаркет во Охрид и Струга ќе се добива вредносен ваучер кој што ќе може да се искористи за купување на нов производ.

„Старо донеси, ново однеси“ гласи мотото на новата едномесечна кампања на Техномаркет и Нула Отпад, преку која што ќе се даваат вредносни ваучери за старите, нефункционални електронски и електрични апарати од домаќинствата.

– Кампањата важи за продажните салони на Техномаркет низ цела Македонија, така и во Охрид. Со оваа кампања ќе се даде придонес во зачувување на животната средина, велат од продажниот салон на Техномаркет – Охрид.

Кампањата е во согласност со Законот за управување со електрична и електронска опрема според кој електричниот и електронскиот отпад треба да се складира на соодветни места. Во спротивно, Законот предвидува казни од 60 евра за фрлање електронски отпад на несоодветно место.

Техномаркет во Охрид се наоѓа на ул.7-ми Ноември бр.286, додека во Струга е сместен на Плитишта бб. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука