Македонија

Апел за помош за самохрана мајка од Скопје

Скопје, 8. мај 2015 (ОХРИДПРЕС) – Се замолуваат сите хумани граѓани да донираат средства и покуќнина за самохрана мајка од Скопје.

Мајката и децата се моментално сместени во општинска куќа во Скопје, со примања од само 4500 денари социјална помош. Без никаква можност да им обезбеди подобро детство на своите две дечиња, мајката замолува да и се најде работа со што таа би можела да застане на нозе и да може самостојно да се грижи за своите деца. Тие се во незавидна финансиска состојба, струјата им е исклучена, привременото живеалиште им е обезбедено до крајот на годината.

Секој кој може да понуди пристојна работа за мајката, или пак да помогне со храна, облека, средства за хигиена, домакинство, облека за дечињата, може да се обрати преку мејл на: mail@donacii.mk. (Крај)

извор: Донации фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука