ЕКОЛОГИЈА ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

За само три дена езерото „порасна“ за 5 сантиметри, намален сувиот дел на езерскиот кеј (Фото)

Охрид, 11. јануари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Обилните врнежи од дожд деновиве, за само три дена го зголемија нивото на водата во Охридското Езеро за 5 сантиметри.

Денес веќе беше видливо дека состојбата е подобрена и дека е намален сувиот дел на езерскиот кеј.

No description available.

Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), водостојот на Охридското Езеро е на 10 сантиметри над минимално дозволената кота од 693.10 м.н.в. Езерото денеска е на кота од 693.20 м.н.в што е за 18 сантиметри под месечниот просек (693,38 м.н.в).

Image may contain: text that says 'министерство заземлоделство, шумарство водостопанство управа хидрометеоролошки работи (споредба дневна хидролошка информацила за реките природните езера претходниот ден очекувана тенденциа наредниот ден) 11.01 2021 cm 10.01.21 106 јегуновце- вардар жм вардар велес- 11.01.21 220 155 12.01.21 просек 178 лепенец 97 баьа 142 96 160 46 50 44 53 170 54 100 90 нд струмица 26 14 25 нд сатеска радика табела 95 148 водостои 214 44.93 122 23 MHM измерени 07:30 часот 842.30 842.31 843.78 вода 8.6 ез.преспа измерени 07:30 часот 8.6 охрид 7.0 8.0 езеро зеро 4 смго има нд 7.0 изработил: mnm. м-р директор тодоровски нивна обработка корекција'

Температурата на езерската вода, измерена утрово во 07:30 часот е 8 степени, што е за 1 степен повисока од просекот за овој период од годината.

Времето денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни и поројни, проследени со ретки грмежи. Ќе дува умерен, а во повисоките места повремено засилен ветер, претежно од југозападен правец. Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 12 степени. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/УХМР

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука