Избор Култура

Празнична претстава „Изгубени во паркот“ на драмското студио „Цвет 75“ од Охрид

Охрид, 12. јануари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Охридското драмско студио за деца и за млади „Цвет 75“ на својот канал на YouTube ја постави претставата „Изгубени во паркот“.

Претставата е во два дела, работена е по текст на менторката Драгана Боцеска е реализирана преку апликацијата Zoom по повод новогодишните и божикните празници.

Нема достапен опис
Во претставата се зборува за ликови од бајките што во денешно време се изгубени во паркот, но некако на крајот успеваат да го најдат тоа што го бараат.Тука се принцезата на зрно грашок, Јованче и Марика,самовилата, вештерката, принцот, волкот.

Во претставата учествуваат: Сара Петкоска, Лина Боцеска, Мила Милошеска, Јон Георгиевски, Александра Петреска,Софија Стефановска и Ангела Ивановска, сите од Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука