Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Вторник, 19-ти јануари 2021 година, Богојавление (Водици) е неработен ден за граѓаните од православната вероисповед

Скопје. 12. јанаури 2021 (ОХРИДПРЕС) – Од Министерството за труд и социјална политика соопштуваат дека согласно со Законот за празниците на Република Македонија („Службен весник на РМ” бр.21/98 и 18/07), вторник, 19-ти јануари 2021 година, Богојавление (Водици), е неработен ден за граѓаните од православната вероисповед во Република Македонија.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика им го честита празникот Богојавление (Водици) на граѓаните од православната вероисповед. (Крај)

извор: Министерство за труд и социјална политика фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука