
Лишен од слобода охриѓанец кој пукал од гасен пиштол во неговиот дом
Охрид, 12. јануари 2021 (ОХРИДПРЕС) – На 11-ти јануари 2021 година, околу 20:00 часот, полициски службеници од СВР Охрид, од слобода го лишија 67-годишниот Б.Ц. од Охрид.
– Тој, претходно во неговиот дом, испукал два истрели од гасен пиштол кој нелегално го поседувал. Пиштолот е одземен и по целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |