Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

Голманот на ГРК Охрид, Никола Даниловски дел од македонската репрезентација на Мундијалот во Египет

Охрид, 13. јануари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Чуварот на мрежата на ГРК Охрид, Никола Даниловски е дел од македонската ракометна репрезентација што ќе патува на Мундијалот во Египет.

Машката репрезентација во „пет до дванаесет“ обезбеди место на Светското првенство што денес започнува во Египет, откако чешката селекција го откажа учеството поради големиот број играчи позитивни на COVID-19.
Ова ќе биде седмо учество на Македонија на ракометниот мундијал. Ракометарите попладнево полетуваат од Скопје за Каиро. Уште во аеродромскиот автобус ќе бидат тестирани со брз тест.

Првиот натпревар го играме утре од 20:30 часот против Шведска, два дена подоцна против домаќинот Египет од 18:00 часот и на 18-ти јануари од 15:30 часот против Чиле, екипа што два пати ја совладавме на пријателски средби во Скопје. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука