Избор Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Физички нападната вработена и обезбедување во струшко казино, приведени две лица

Струга, 13. јануари 2021 (ОХРИДПРЕС) – На 12-ти јануари 2021 година, во ОВР Струга, од слобода се лишени 34-годишниот В.М. од струшкото село Корошишта и 53-годишниот А.Р. од селото Велешта.

– Тие, со уште две други лица во казино лоцирано на улицата „Нико Нестор“ во Струга извршиле физички напад врз вработената, 24-годишната А.А. од Струга и работникот на обезбедување, 26-годишниот А.А. од струшкото село Делогожда, а потоа и врз полициски службеници кои пристигнале во казиното и преземале мерки за расчистување на физичкиот напад. ОВР Струга работи на расчистување на настанот по што, ќе поднесе соодветни пријави, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука