Забава Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Бендот Lilit на охриѓанката Емилија Колоска го објави новиот сингл „Миризлива градина“

Охрид, 13. јануари 2021 (ОХРИДПРЕС) – После краткото затишје по нивниот прв сингл под име „Чудо“, бендот Lilit во кој членува и охриѓанката Емилија Колоска се вратија во етерот со нивната „Миризлива градина“.

Симбиозата од различни музички стилови, крунисана со нивниот препознатлив џез призвук, ја пренесува пораката која е носечки столб на филозофијата на Lilit – сите делови на животот се испреплетени во еден круг и магичен циклус, а нашиот начин на размислување е оној кој одлучува дали тие делови ќе се синхронизираат или уништат едни со други.

Како режисер се појавува Кристина Нановиќ со нејзината препознатлива естетика. За завршната магија на спотот, со видео монтажа се погрижи Бобан Костовски, а за миксот и мастер се погрижи Љупчо Соколовски. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука