Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес претежно облачно и студено време со температура до 3. степени

Охрид, 14. јануари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Времето денеска ќе биде претежно облачно и студено, попладне и во вечерните часови ќе има врнежи од снег, позастапени и пообилни во западните делови.

Максималната температура во Охрид ќе достигне до 3. степени.

– Од утре ќе преовладува претежно суво и многу студено време, особено за време на викендот и во почетокот на наредната седмица кога и дневните температури во поголем дел од земјава ќе се задржат под нулата. Ќе дува слаб до умерен, а за време на викендот вдолж Повардарието засилен северен ветер. Во сабота на места ќе провејува снег, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука