ЕКОЛОГИЈА ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Се зголемува нивото на Охридското Езеро, за три дена „порасна“ за 4 сантиметри

Охрид, 14. јануари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Продолжува да се зголемува нивото на водата во Охридското Езеро, благодарение на интензивните врнежи од дожд изминатиов период.

Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), водостојот на Охридското Езеро е на 14 сантиметри над минимално дозволената кота од 693.10 м.н.в. Езерото е на кота од 693.24 м.н.в што е за 14 сантиметри под месечниот просек (693,38 м.н.в). Температурата на езерската вода измерана утрово е 7 степени, што одговара на просекот за овој месец.

Нема опис за фотографијата.

На почетокот на годинава езерото беше на минимално дозволената кота, а веќе од 5-ти јануари почна да се подобрува хидролошката состојба.

Времето денеска ќе биде претежно облачно и студено, попладне и во вечерните часови ќе има врнежи од снег, позастапени и пообилни во западните делови.

Максималната температура во Охрид ќе достигне до 3. степени.

– Од утре ќе преовладува претежно суво и многу студено време, особено за време на викендот и во почетокот на наредната седмица кога и дневните температури во поголем дел од земјава ќе се задржат под нулата. Ќе дува слаб до умерен, а за време на викендот вдолж Повардарието засилен северен ветер. Во сабота на места ќе провејува снег, информираат од УХМР. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/УХМР

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука