COVID-19 Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Во ковид центарот во Охрид се хоспитализирани 45 пациенти

Скопје/Охрид, 14. јануари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците низ земјава надвор од Скопје е пријавено дека се лекуваат вкупно 412 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот соопшти Министерството за здравство.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 27 пациенти позитивни и суспектни на COVID-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 37 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 15 пациенти, во Велес се лекуваат 33 болни, а во Куманово 65 пациенти позитивни и суспектни на COVID-19. Во ковид центарот во Охрид се хоспитализирани 45 пациенти, во Прилеп 48, во ковид центарот во Гостивар 15, а во Струга 26 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 37 пациенти, во Кочани 11 во Кичево 15, Кавадарци 23, во Гевгелија шест лица, а во Дебар осум позитивни и суспектни на коронавирусот.

– Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 718 и има околу 400 празни болнички кревети во ковид центрите. Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла. Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука