COVID-19 Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Кривична за охриѓанец кој организирал семејна веселба за 20 лица за време на COVID-19 епидемија

Охрид, 15. јануари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, СВР Охрид, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против 47-годишниот Ш.К. од Охрид.

– При извршена контрола на 21-ви ноември 2020 година, полициските службеници констатирале дека тој, организирал семејна веселба со присуство на 20 гости во неговиот дом. Со тоа, пријавениот постапил спротивно на одлуката и препораката за заштита на здравјето на населението од вирусот COVID-19, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука