ЕКОЛОГИЈА ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Охридското Езеро за една недела „порасна“ за 7 сантиметри, денес е на кота од 693,27 м.н.в

Охрид, 18. јануари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Продолжува да се зголемува нивото на водата во Охридското Езеро.

Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), водостојот на Охридското Езеро е на 17 сантиметри над минимално дозволената кота од 693.10 м.н.в. Езерото е на кота од 693.27 м.н.в што е за 11 сантиметри под месечниот просек (693,38 м.н.в). Температурата на езерската вода измерана утрово е 8 степени, што е за еден степен повисока од просекот за овој месец.

Сликата може да содржи: текст кој вели „министерство заземлоделство, управа работи- (споредба табела хидролошка информацила зареките природните езера претходнио дени очекувана тенденција наредниот ден) прикажани 116 легуновце- вардар вардар велес вардар вардар измерени 18.01.21 140 111 19.01.21 просек јанари 92 110 154 97 к.паланка- 166 33 26 60 нд 157 32 24 брегалница = 26 -струмица нд нд 25 92 32 96 = во ΜΗΜ 122 23 7:30 часот 146.99 842.41 842.41 = температури 693.27 вода 7.4 843.78 = наколец- измерени з.преспа 7:30 7.4 на езеро има изработил: минимум. директор ивица тодоровски обработка корекција влијание на“

На почетокот на годинава езерото беше на минимално дозволената кота, а веќе од 5-ти јануари почна да се подобрува хидролошката состојба, веќе на 11-ти да достигне 10 сантиметри над минимално дозволената кота, за денес да „порасне“ на 17 сантиметри над оваа кота. Ова значи дека за една недела нивото пораснало за 7 сантиметри.

Нема опис за фотографијата.

Времето денеска ќе биде сончево и студено, претпладне во западните делови со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Максималната температура во Охрид ќе достигне до -2. степени.

– Утре ќе преовладува ведро и студено време со слаб до умерен, а повремено и засилен северозападен ветер. Од среда ветерот ќе го промени правецот во јужен и температурите ќе бидат во пораст. Облачноста ќе се зголемува, а од четврток кон крајот на денот во западните делови ќе започнат врнежи од дожд, а на планините од снег, информираат од УХМР. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/УХМР

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука