ЕКОЛОГИЈА ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Стефоска: И не е така лошо што УНЕСКО го стави Охрид на листата загрозени подрачја

Скопје/Охрид, 20. јануари 2021 (ОХРИДПРЕС) – За министерката за култура Ирена Стефова не е катастрофа доколку УНЕСКО го избрише Охридскиот регион од листата на светско природно и културно наследство и го внесе на списокот на загрозени културни добра.

Според министерката, која по службена должност е и претседателка на комисијата за УНЕСКО, ваквата евентуална одлука треба да поттикне повисока свест кај институциите и граѓаните, јави Канал 5.

– Да се разбереме ставањето во опасност не е катастрофа, туку напротив ако дојде до тоа случајно тогаш и режимот на заштита мора да е уште повисок, УНЕСКО ќе помогне со експертиза, со фондови, но тогаш главната обврска и одговорност е на сите нас во нашата земја , се разбира и на институциите од локалната и централната власт, но и на граѓаните се разбира, ако сакаме ова светско и културно добро да го заштитиме, вели министерката за култура Ирена Стефова.

Комплетната информација ОВДЕ. (Крај)

извор: Канал 5 фото: Канал 5

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука