ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Охриѓанката Сенај Мерсим, дел од изборниот тим на новиот претседател на САД Џо Бајден

Охрид, 20. јануари 2021 (ОХРИДПРЕС) – 22-годишната Сенај Мерсим, млада девојка со потекло од Охрид беше дел од поширокиот изборен тим на новиот претседател на САД Џо Бајден.

– Сенај работеше и беше дел од кампањата на Бајден од февруари во Connecticut и во New Hampshire, вели за Супер радио и OhridPress нејзиниот татко Менсур Мерсим, кој со семејството се преселил во САД во 2001 година, кога Сенај имала само 2 години.

Image may contain: 11 people, people standing, text that says 'NE HAMP to30 to 30 l.of @DABIDEN Relevant day to post these throwbacks That's my President & First Lady @JOEBIDEN FEB 8, 2020 46 BIDEI DIDEN NEW HAMDSHIRE PSHIRE Text'

Таа на 31-ви јануари ќе го прослави 22-риот родеден и во моментов студира политички науки на универзитетот Connecticut Quinnipiac.

– Таа работеше за кампањата и беше предложена од универзитетот, каде е меѓу најдобрите студенти. Претежно беше задолжена за контакти со гласачите и презентација на неговата програма. Поради безбедносни причини не присуствувавме на инаугурацијата, додава Мерсим.

USA Washington | Amtseinführung: Joe Biden

Новиот претседател на САД Џо Бајден положи заклетва како 46-ти претседател во историјата на САД и порача дека „демократијата преовладала“. Тој ја презема фунцијата во време на остри поделби во државата и големи предизвици.

– Волјата на народот е слушната, и волјата на народот е испочитувана. Повторно научивме дека демократијата е скапоцена и демократијата е фрагилна. Во овој час, мои пријатели, демократијата преовлада, порача Бајден во обраќањето по заклетвата.

Инаугурацијата на Бајден дојде во време на кризи и несигурност, на студен ден во Вашингтон прошаран со снег и обиколен со досега невидени безбедносни мерки по упадот во Конгресот пред две недели, и без публика поради пандемијата на коронавирусот.

На чинот недостасуваше досегашниот претседател Доналд Трамп, кој замина од Вашингтон во пресрет на инаугурацијата, но таму беа тројца поранешни претседатели: Бил Клинтон, Џорџ Буш и Барак Обама.

Бајден стигна до Белата куќа во третиот обид, заложувајќи на својата кандидатура не на основа на исклучителна политичка идеологија, туку преку градење на широка коалиција на гласачи обединети под мотото дека Трамп претставува егзистенцијална закана за американската демократија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука