јануари 22, 2021

Струга, 22. јануари 2021 (ОХРИДПРЕС) – На 21-ви јануари 2021 година, во периодот од 10:00 до 14:00 часот, Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Струга реализираше засилена контрола во патниот сообраќај.

– Притоа, евидентирани се пет возачи кои извршиле непрописно престигнување, 23 возачи сториле други прекршоци, а поради непрописно паркирање, со специјално возило се подигнати пет возила. Сите констатирани прекршоци се соодветно санкционирани, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука