Избор Локална самоуправа ТОП ВЕСТИ

В петок ќе се одржат две седници на градскиот совет

Охрид, 26. јануари 2021 (ОХРИДПРЕС) – За петок, 29-ти јануари се закажани две седници на Советот на општина Охрид.

На дневен ред на 54-та седница се шест точки.

  1. Предлог – програма во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на Република Македонија на подрачјето на општина Охрид за 2021 година.
  2. Предлог – одлука за утврдување на висината на надоместокот (закупнината) за поставување урбана опрема во општина Охрид за 2021 година.
  3. Предлог – одлука за спроведување мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги.
  4. Предлог – одлука за давање согласност на одлуката за утврдување  на максималниот износ на вредност на бодот за пресметување на платите на давателите на јавни услуги  и на директорите на јавните установи за деца за 2021 година.
  5. Предлог – одлука за давање согласност на одлуката за утврдување на максималниот износ на вредност на бодот  за пресметување на платите  на административните службеници вработени во ЈОУДГ “Јасна Ристеска” – Охрид
  6. Предлог – одлука за давање согласност на планот за измени на Годишниот план за вработување на општина Охрид за 2021  година.

Втората седница пак е со една точка на дневен ред, а тоа се советнички прашања.

Седницита ќе се одржат преку конференциска врска со употреба на интернет комуникација, од 10:00 односно 11:00 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука