Во Охрид денес променливо облачно време со сончеви периоди и температура до 1. степен
Охрид, 27. јануари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. До крајот на денот облачноста во најголем дел од земјава ќе се намали.
Максималната температура во Охрид ќе достигне до 1. степен.
– Утре ќе настапи преодна стабилизација, но ќе се задржи студено време, особено во утринските часови. Од петок следува период на променливо облачно и потопло време со нови врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег, информираат од УХМР. (Крај)
извор: УХМР фото: ОхридПрес
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |