Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

Јован Стојоски од АК „Охрид“ со нов личен рекорд на 400 метри и обезбедена норма за Европско првенство

Белград, 27. јануари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Со нов личен рекорд и норма за Евроспко првенство, атлетичарот на АК „Охрид“, Јован Стојоски ја започна 2021 година.

На атлетскиот митинг „Црвена Ѕвезда“ што се одржа во Белград, Србија беше најдобар на трката 400 метри во сала, патеката ја истрча за 47,57 секунди, што е негов нов личен рекорд во оваа дисциплина. Со ова тој успеа да ја исполни нормата (47,60) и да ги брани боите на Македонија на Европското сениорско атлетско првенство во сала, што на почетокот на март ќе се одржува во Полска.

Стојоски само минатата година успеа да постигне три државни атлетски рекорди на Македонија, а последнава е трета норма за големи натрпреварувања што ја има исполнето во претходните две години.

Македонскиот рекорд во оваа дисциплина, 47,49 секунди, го „поседува“ покојниот Исмаил Мачев, поранешен тренер на Стојоски. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука