Избор Локална самоуправа ТОП ВЕСТИ

Ќе се одржи една седница на Градскиот совет, советничките прашања одложени

Охрид, 29. јануари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Денеска ќе се одржи 54-та седница на Советот на општина Охрид.

На дневен ред пред советниците се шест точки.

  1. Предлог – програма во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на Република Македонија на подрачјето на општина Охрид за 2021 година.
  2. Предлог – одлука за утврдување на висината на надоместокот (закупнината) за поставување урбана опрема во општина Охрид за 2021 година.
  3. Предлог – одлука за спроведување мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги.
  4. Предлог – одлука за давање согласност на одлуката за утврдување  на максималниот износ на вредност на бодот за пресметување на платите на давателите на јавни услуги  и на директорите на јавните установи за деца за 2021 година.
  5. Предлог – одлука за давање согласност на одлуката за утврдување на максималниот износ на вредност на бодот  за пресметување на платите  на административните службеници вработени во ЈОУДГ “Јасна Ристеска” – Охрид
  6. Предлог – одлука за давање согласност на планот за измени на Годишниот план за вработување на општина Охрид за 2021  година.

Иако за денес беше најавена уште една седница, посветена на советнички прашања, истата е одложена поради отсуство на градоначалникот на општина Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука