Охрид, 29. јануари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Лимонот може да се користи во многу комбинации со други состојки за убава кожа.
Лимонот е состојка со која може да се направат ефикасни и природни маски за чистење на кожата.
Ова е уште еден рецепт за чистење и навлажнување на кожата. После напорниот ден, може да се нанесе оваа маска и да се ревитализира кожата за неколку минути.
Во поголем сад, измешајте јогурт и неколку капки лимонов сок или лимоново масло и нанесете ја мешавината на лицето и вратот со блага масажа. Оставете ја да делува 5 минути и потоа исушената маска измијте ја со топла вода.
Лимоновата маска за лице ја подмладува кожата и и дава свеж и чист изглед. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 32