Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид Ретки болести 2021

И охридскиот Архив блесна во боите на ретките болести (Фото)

Охрид, 2. февруари 2021 (ОХРИДПРЕС) – И зградата на охридскиот Архив од вечерва блесна во боите на ретките болести, како знак на поддршка на кампањата „Ги запознаваме ретките болести“.

– Со започнување на националната кампања „Ги запознаваме ретките болести 2021“, која ќе трае до 28-ми февруари – Светскиот ден на ретки болести, годишен настан за подигнување на јавната свест во однос на ретките болести, а како знак на поддршка на пациентите со ретки болести и нивните семејства, како и за подигнување на јавната свест, особена чест ни е што Подрачното Одделение на Државниот Архив во Охрид ќе биде осветлено во боите на самата кампања. Благодарение на Гордана Лолеска и со нејзината консултација, активно ќе се вклучиме во кампањата. Секогаш имајте на ум, реткоста е предност, а не недостаток, порачува раководителот на охридскиот архив Доц. Д-р. Никола Митровиќ- Бабе.

Image may contain: night and outdoor

Третата сезона на кампањата „Ги запознаваме ретките болести“ започна вчера и ќе трае до крајот на месец февруари. Преку аудио и видео спотови кои ќе се емитуваат на Радио и Тв станиците и соодветни текстови на веб порталите, јавноста секој ден ќе се запознава со по една ретка болест. Bо месецот со најмалку дена во годината, во месецот кој пациентите со ретки болести го викаат „свој“, месецот кој е редок по своите ретки 28 дена, организаторите и оваа година ќе се обидат поблиску да ги запознаат граѓаните со ретките болести.

ВО ЖИВО: Самуиловата тврдина осветлена во боите на ретките болести

Во боите на ретките болести од вчера е обоена и Самуиловата тврдина, како дел од глобалната кампања за илуминација на национални објекти и историски споменици. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука