Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Гошаревски: Годинава комплетно ќе се рехабилитира патниот правец Охрид-Ресен преку Галичица

Охрид/Ресен, 6. февруари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Оваа година комплетно ќе се рехабилитира патниот правец Охрид-Ресен преку Галичица, што дополнително ќе придонесе за афирмација на регионот.

Ова го истакна градоначалникот на општина Ресен Живко Гошаревски на вчерашниот Форум за унапредување на односите и меѓусебна координација на институциите за заедничко делување на заштитените подрачја национален парк „Галичица”, паркот на природата „Езерани”, Преспанското Езеро и островот Голем град.

На форумот беа презентирани и годишните програми за заштита на природата во ЈУНП „Галичица“ и ПП „Езерани“, како и програмата на МЕД која се однесува на нивните активности во Преспанскиот регион.

Забраната се однесува за регионалниот патен правец Р-2332 од село Царина до село Трпејца преку Галичица, стапува на сила на 15-ти ноември и важи до 1-ви април следната година.

Години наназад забраната за сообраќај во овој период од годината стана пракса, а од сезона во сезона Галичица станува се поатрактивна за вљубениците во планинарењето, односно алтернативните форми на туризам. Секоја зимска сезона, освен што е проблем чистењето на снегот и одржувањето на овој патен правец, истиот е сообраќајно небезбеден.

Стручните лица, но и рекреативците во повеќе наврати потсетуваат за ваква состојба, патот е тесен, со остри кривини и на делови уништена заштитна ограда. Но, засега никој не презема одговорност, ниту конкретни чекори за санирање на состојбата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука