Забава Избор ТОП ВЕСТИ

„Ножот крвав“ – нов сингл на охриѓаните Hardfaced

Охрид, 11. јануари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Охридскиот бенд Hardfaced го промовираше видеото за песната „Ножот крвав“, третиот сингл од албумот „Dreamless slumber at the shores of youth“, кој за Diehard records излезе во 2019 година.

Видеото е снимено во март 2020 година, непосредно пред почетокот на COVID-19 пандемијата, но поради новонастанатата ситуација, бендот ја закажа премиерата токму сега. Снимањето на материјалот и монтажата се на Александар Цветаноски, а анимацијата во видеото е дело на Михаил Наумов.

На „Ножот крвав“ му претходеа уште два сингла: „Implоred by hate” и „Black Sun” од четвртиот албум на бендот, кој е формиран во 2004 година.

Покрај „Dreamless slumber at the shores of youth”, Hardfaced ги имаат уште албумите: „More than hate” (2007), „Show them what they fear” (2011) и „Dying lake“ (2014 година). Бендот го сочинуваат: Димитар Савески, Јован Наумоски, Горан Вељаноски, Јордан Маленко и Љупчо Стефаноски. (Крај)

извор: Hardfaced фото/видео: Hardfaced

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука