Избор Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Охридските хотели „Аквалина“ и „Нова Ривиера“ излегоа во пресрет на ФК „Вардар“ кој доаѓа на мини-подготовки во Охрид

Охрид, 15. февруари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Познатите охридски хотели „Аквалина“ и „Нова Ривиера“ им излегоа во пресрет на фудбалерите на ФК „Вардар“ кој доаѓаат на мини-подготовки во Охрид.

– Од вторник фудбалерите доаѓаат во „Аквалина“ и „Нова Ривиера“. Сакаме да им помогнеме во овој тежок период за нив, но и за сите клубови и спортски работници во државава. Според најавите, треба да останат до петок или сабота, вели менаџерот Ангел Ангелески.

ФК „Вардар“ беше единствениот македонски прволигаш кој влезе во пролетната полусезона без одработени подготовки, па снежните врнежи и одложувањето на најголемиот дел од натпреварите во првото пролетно коло им се погоди на „црвено-црните“.

„Вардар“ во првото пролетно коло, кое сега е одложено за 21-ви февруари, ќе го пречека вечниот ривал „Пелистер“ во Скопје. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука