COVID-19 ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Над 200 здравствени работници од Охрид се во приоритетната група за имунизација против COVID-19

Охрид, 15. февруари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Над 150 од Општата болница и 60-на здравствени работници од Здравствениот дом се во приоритетната група за имунизација против COVID-19 во Охрид.

Во охридскиот Здравствен дом е подготвен вакцинален пункт за имунизација на здравствените работници и граѓаните во превентивна здравствена заштита за деца и младинци, каде се ослободи една просторија каде се вакцинираа школски деца и студенти. Имаме организирано четири тимови, на почеток ќе се вакцинира во една смена, ако има потеба ќе се организиараме и во две смени, изјави за Супер радио и OhridPress директорката Ајсел Зејноска.

Нема достапен опис

– Од Здравствен дом ќе се вакцинираат околу 60 здравствени работници. Се организиравме во превентивна здравствена заштита за деца и младинци со оглед на тоа што има посебна ординација, чекална и посебен влез. Имаме фрижидери за чување вакцини, впрочем тука со години се вакцинираат деца и младинци. Обележан е и влезот со траки каде пациентите ќе доаѓаат и ќе се вакцинираат, ќе има и обезбедување за да има ред, вели Зејноска.

Вакцинација ќе се спроведува во периодот од 08:00 до 15:00 часот, а доколку има потреба ќе се организираат и две смени. Се уште не се знае колкава количина вакцини првично ќе стигнат во Охрид, но Зејноска уверува дека се подготвени да се организираат завосно од потребите.

Логистичка поддршка на Здравствениот дом при имунизацијата ќе даваат тимови на Општата болница. Директорот д-р Горан Балески вели дека опција е и модуларната болница, која наскоро се очекува да профункционира, да биде вакцинален пункт, доколку се укаже потреба. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива/ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука