Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес сончево време со умерена облачност и температура до 1. степен

Охрид, 16. февруари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.

Максималната температура во Охрид ќе достигне до 1. степен.

– До сабота ќе се задржи стабилно време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст. Во сабота преку денот и во текот на ноќта кон недела времето ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд и снег во пониските и снег во повисоките места и на планините. Врнежите ќе бидат со послаб интензитет, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука