Забава Избор

Во Анталија се наоѓа „хотел“ со 64 соби за мачки

Анталија, 16. февруари 2021 (ОХРИДПРЕС) –  Во паркот „Докум“ во турскиот град Анталија има нова оригиналнна атракција за посетителите… Имено, таму е поставена дрвена минијатурна градба со простор за престој за мачки.

Станува збор за мала дрвена трикатна зграда со 64 соби кои се целосно опремени за удобен и безбеден престој на мачките. Покрај зградата, поставени се и помали куќи и други објекти за мачки, како еден вид „град на мачките“.

Општината Кепез – во Анталија, објави дека паркот, по своите музеи, библиотеки, уметнички галерии и научниот центар, сега доби и катче за удобен престој на животните. (Крај)

извор: Опсервер фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука