ЕКОЛОГИЈА ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Владата го усвои Извештајот за состојбата со заштитата на природното и културно наследство на Охридскиот регион

Скопје/Охрид, 16. февруари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Владата на Република Македонија, на денешната, 45-та седница, го разгледа и усвои Извештајот за состојбата со заштитата на природното и културното наследство на Охридскиот регион и напредокот во спроведувањето на препораките од Одлуката на Комитетот за светско наследство.

Владата ја задолжи Националната комисија за УНЕСКО на Република Македонија да го достави Извештајот за состојбата со заштитата на природното и културното наследство на Охридскиот регион и напредокот во спроведувањето на препораките од Одлуката на Комитетот за светско наследство до Центарот за светско наследство на УНЕСКО, најдоцна до 25-ти февруари 2021 година. (Крај)

извор: Влда на РМ фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука