COVID-19 Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Филипче: Застапеноста на британскиот сој на вирусот расте, сега е некаде околу 20%, најмногу во Охрид и Прилеп

Скопје/Охрид, 16. февруари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Министерот за здравство д-р Венко Филипче, во вечерашното гостување во дневникот на Тв Сител рече дека засега не треба да се размислува за други мерки и рестрикции за спречување на ширењето на британскиот сој на COVID-19 вирусот.

– Иако бројките не се ниски нема драстичен скок, нема голем кластер низ градовите. Ја следиме состојбата во Скопје и другите градови ги следиме како посебни епидемиолошки региони, застапеноста на британскиот сој на вирусот расте, сега е некаде околу 20%, најмногу во Прилеп и Охрид. Во тие центри не приметуваме зголемување на бројот на пациенти. Точно е и тоа е утврдено дека полесно се пренесува, според некои публикации можно е болеста да е полесна, според некои други публикации е потешка, тоа не може се уште со точност да го утврдиме. Кај нас има 30-тина детектирани соеви на вирусот, близу 1.000 ширум светот. Ние засега не регистрираме дека има влошување на епидемиолошката ситуација и затоа сме внимателни. Секогаш апелираме граѓаните да ги почитуваат мерките, сега е тоа од посебно големо значење, истакна Филипче за Тв Сител.

Според последните информации на Министерството за здравство на Република Македонија, во текот на последните 24 часа се направени 2.275 тестирања, при што се регистрирани 358 нови случаи на COVID-19. Во Охрид има 8 новозаболени и 1 оздравено лице. (Крај)

извор: Тв Сител фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука