Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес сончево време со умерена облачност и температура до 4. степени

Охрид, 17. февруари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб северозападен ветер. Во вечерните и ноќните часови облачноста ќе се зголеми и ќе има повремен слаб снег, претежно во североисточните делови.

Максималната температура во Охрид ќе достигне до 4. степени.

– Во следните денови ќе преовладува стабилно време, а температурите ќе бидат во пораст. Сепак утринските ќе се задржат негативни, а на места ќе се спуштаат и под -10 степени. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука