Економија Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Зоран Вељаноски од Охрид е добитник на автомобил во наградната игра на Стопанска банка а.д. Битола „Вреди да се штеди“

Скопје/Охрид, 17. февруари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Зоран Вељаноски од Охрид е добитник на главната награда – автомобил марка Citroen C1 во наградната игра на Стопанска банка а.д. Битола „Вреди да се штеди“, која траеше од 16-ти октомври 2020 до 31-ви јануари 2021 година.

– Кога ја видов објавата за наградната игра веднаш одлучив да ги орочам средствата согласно условите, за да си ја пробам среќата. Често од забава учествувам и играм игри на среќа, но ова дефинитивно е најголемата награда која што ја имам добиено до сега. Среќен сум и задоволен и знам дека сигурно ќе продолжам да учествувам во ваков тип игри на среќа, но и дека ќе останам клиент на Стопанска банка а.д. Битола, вели Вељаноски, пренесе порталот ПлусИнфо.

Покрај оваа награда, беа доделени и два MacBook Air 13’’ компјутери и 3 мобилни телефони iPhone 11. (Крај)

извор: ПлусИнфо фото: ПлусИнфо

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука